Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

По втор пат ќе се одржува “Иванден”, земете и Вие учество

Поради големиот интерес и продолжување на традиционалното одбележување на „Иванден“, по втор пат оваа година Домот на култура Драги Тозија – Ресен, ја организира оваа манифестација со богата културно – уметничка програма.

Ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Рибарче“, како и деца од општината кои настапувале на повеќе детски фестивали. На сите учесници ќе им бидат доделени пригодни награди.

Сите заинтересирани да го пријават учеството во просториите на Домот на култура Драги Тозија – Ресен, (во зградата Сарај) најдоцна до 03.07.2014г.

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана