Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право

Традиционално, 23 април се одбележува во светот како Ден книгата и авторското право.

По тој повод Матичната библиотека при Домот на култура „Драги Тозија“ распиша награден конкурс на тема:„На крилјата на книгата патуваме низ времето“.

На оваа тема можат да пишуваат слободни состави во проза и поезија учениците од основно и средно образовани.

Составите треба да се достават најдоцна до 16.04.1014 год.(среда) во Матичната библиотека. Три најдобри состави ќе бидат наградени.

Одбележувањето на денот ќе започне во просториите на библиотеката со почеток во 12 часот.Ќе се прочитаат  двете пораки, од УНЕСКО и Македонската порака , а потоа ќе ги доделиме наградите на најдобрите состави. На сите присутни на одбележувањето ќе им подариме по една книга, а ќе се прочитаат и наградените состави.     

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана