Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари

Денес 09.10.2013 година во Мтичната библиотека при Домот на култура „Драги Тозија“ Ресен, се одржа Општинскиот натпревар „Млади Библиотекари“.  

На натпреварот учествуваа ученици од сите пет основни училишта од Општината.

На подготвениот тест од 21 прашање учесниците одговараа писмено и анонимно, а комисијата што ги прегледуваше тестовите констатира дека сите учесници имаа солидно знаење.

Според освоените бодови, на првото место, со освоени 120 бодови се пласира Војо Митревски, ученик од  ОУ„Гоце Делчев“ од Ресен.

На второ место со 105 бодови се пласира Ана Митревска, од ОУ „Браќа Миладиновци“ од с. Царев Двор.

Третото место, со 100 бодови, го освои Теодора Чоневска, од ОУ „Гоце Делчев“.

Првопласираниот од натпреварот се стекна со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“, што ќе се одржи на 25.10.2013 година, во библиотеката „Страшо Пинџур“ во Неготино.

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана