Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Се одржа третата Роднокрајна средба на писателите од Ресен

Во саботата на 28 Септември 2013 година , во склоп на „Преспанскиот јаболкобер“, се оддржа тртата Роднокрајна средба на писателите од Ресен.

На средбата во голамата сала на Општина Ресен, беше промовирана монографијата „Ресен’, на нашиот покоен сограѓанин Благоја Котларовски - Баги.

Големиот број на присутни автори, пријатели и членови на семејството, најнапред ги поздрави директорот на Домот на култура „Драги Тозија“, Васко Василевски, а потоа се обрати Градоначалникот на Општина Ресен, м-р. Ѓоко Стрезовски.

Промоторот на монографијата и рецензент, професор Деан Петровиќ, истакна дека авторот Котларовски во книгата посебно внимание им посветил на старите ресенски фамилии, го следи нивното потекло, населување во Ресен, нивното издигнување, а ги истакнува и личностите кои оставиле белег во јавниот живот на градот.

Монографијата „Ресен“ има многу податоци, фотографии и факти кои се интересни за читателите од сите генерации.

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана