Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Иванден 2018

Бидете и Вие дел од традицијата и историјатата на Преспа и учествувајте на манифестацијата „Иванден 2018“. Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен по шести пат и годинава ќе биде домаќин на овој значаен настан.

Покрај традиционалното изложување на куклите Иванки, децата ќе имаат можност да се дружат, да се забавуваат, а присутните да пробаат одпосното Иванденско гравче, по што ќе се избере најубавата кукла Иванка.

Направете ги Вашите Иванки и бидете дел од традицијата, историјата и културата на Преспанскиот регион. Во сабота, во 12 часот, во дворот на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.
Фотографија на Дом На Култура Ресен.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана