Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

8 Март - 2018 година

Осмомартовско мултимедијално претставување на основците од Ресен

Под покровителство на сопругата на градоначалникот на Општина Ресен Билјана Гошаревска, а во организација на Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен, на 6 март во просториите на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, беше изведен мултимедијален проект на кој учествуваа ученици од основните училишта во општината.

За време на настанот, беа изведени музички нумери од страна на учениците од Школата за пијано која работи под закрила на Домот на културата „Драги Тозија“, дел од учениците од основните училишта ги прикажаа своите ликовни способности на тема поврзана со празникот 8 Март, а дел од нив, кои што имаат афинитети кон пишуваниот збор, ги прочитаа индивидуалните литературни творби на Македонски, Турски и Албански јазик, со осмомартовски мотиви.

На сите присутни припаднички на понежниот пол, како претставник на организаторот на настанот Домот на културата „Драги Тозија“, директорот Васко Василевски им подари цвеќе и по една книга. Настанот се одржа на 6 март во 19:00 часот, во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.





















Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана