Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Општински натпревар „Млади библиотекари 2017“

На ден 07.10.2017 год. во просториите на Матичната библиотека при Општинската установа Дом на култура “Драги Тозија” во Ресен се одржа општински натпревар “Млади библиотекари 2017”.

На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта во Ресен и Преспа
На поставените прашања се даваа писмени одговори и одговори со заокружување. Кандидатите имаа на располагање 60 минути за одговор на поставените прашањата.

Комисијата ги прегледа тестовите и ја констатира следната состојба:
Прво место со освоени 166 бода Марија Миленкоска - ОУ“Браќа Миладиновци” Царев-Двор
Второ место со освоени 141 бода Сара Џеповска - ОУ “Браќа Миладиновци” Царев-Двор
Трето место со освоени 138 бода Марија Тодоровска – ОУ “Браќа Миладиновци” Царев-Двор

Првопласираниот кандидат, Марија Миленкоска, со ментор Невенка Спирова, се стекна со право да учествува на Републичкиот натпревар “Млади библиотекари 2017”.

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана