Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Иванден - 2016 година

Традиционално, четврта година во организција на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен симболично се одбележува Денот на раѓањето на Свети Јован Кристител - 7 јули, или во народот попознат како Иванден.

Овој празник има особено значење во преспанскиот регион почна да се празнува пред два дена, на 5 јули, кога девојчиња во групи ги посетуваа сите куќи во маалото и беа дарувани со брашно, масло, шеќер, грав и други продукти, кои на крајот се носат во една куќа. Следниот ден почна со берење камилица, со која беше направен куклата „Иванка“, а беше зготвен и ручек во куќата каде претходно беа однесени продуктите. Денеска, на крајот на празнувањето, куклата „Иванка“ ќе биде растурена во најблиската ливада.

- Манифестацијата не навраќа на нашите корени и традиции и кои треба да се зачуваат од заборав. Низ минатото, па и денес, ова празнување трае дури три дена, секој ден со свое значење и белег.

Манифестацијата е поддржана од општина Ресен и од Министерството за култура на Република Македонија, а учесниците кои изработиле „Иванки“, според градоначалникот Ѓоко Стрезовски, ќе бидат симболично наградени.

- Како локална самоуправа, секогаш застануваме на страната на традицијата. Таа е од посебно значење за Ресен, но и за целата Преспа, особено што овде, кај нас, овој празник се одбележува на еден карактеристичен начин, можеби и единствен во земјава, изјави Стрезовски.

Манифестацијата ќе биде збогатена со музичка програма, а ќе заврши со служење посно гравче.


























Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана