Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Светски ден на книгата и авторското право - 2016

По повод одбележувањето на 23 април, Светскиот ден на книгата и авторското право, Матичната библиотека при Домот на културата „Драги Тозија“ - Ресен, распиша награден конкурс на тема:

„Книгата е порта кон нов свет“ - за ученици од основно образование;
„Книгата - разговор со вечноста“ - за ученици од средно образование.

Завршната свеченост се одржа во дворот на Домот на култура „Драги Тозија“ - Ресен на 25.04.2016 година, со почеток во 12 часот.
Беа прочитани пораката од г-ѓа Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО и проф. Љубиша Георгиевски и беа доделени награди по повод распишаниот конкурс.

Оваа година наградени беа:
1 место Душан Темелковски - ОУ Мите Богоевски
2 место Марија Јовановска - ОУ Гоце Делчев
3 место Наташа Мушаревска - ОУ Гоце Делчев

Прво место за ученици од средно образование го освои Радмила Јовановска
















Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана