Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Промоција на книга „Солзите на Преспана“

Во организација на Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен на ден 24.12.20015 година, во големата сала на Општина Ресен, беше промовирана книгата „Солзите на Преспана“ од Лидија Дочовска Павловска.
Самиот настан на промоција на оваа книга предизвика голем интерес во Ресен при што од пошироката публика беше дочекан како вистинско културно освежување.
Повеќе десетини песни тематски распределени во целини, читани од учениците во СОУ Цар Самоил, како и впечатливо емотивна изведба на самата авторка на носечкото дело поемата "Солзите на Преспана" со порака за подобро утре преку завршниот стих : "Гледај Напред преспана !" овозможија едночасовен празник на чувствата и сетилата на публиката по што за овој настан  ќе се зборува подолго време во Ресен .










Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана