Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Млади библиотекари -2015


На ден 29.09.2015 год. во просториите на Матичната библиотека при Општинската установа Дом на култура “Драги Тозија” во Ресен се одржа општински натпревар “Млади библиотекари”.

На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта “Мите Богоевски” од Ресен, “Браќа Миладиновци” од с. Царев двор, “Славејко Арсов” од с.Подмочани, „Димитар Влахов“ – од с. Љубојно.
Натпреварот го следеше жири комисија во состав:
- Динче Кочовска – професор во СОУ “Цар Самоил” – претседател на комисијата
- Марина Стојановска – професор во СОУ “Цар Самоил” – член
- Даниела Стерјовска – професор во СОУ “Цар Самоил” – член

Прво место со освоени 160 бода Александра Начевска - ОУ “Мите Богоевски”

Второ место беше поделено: со освоени 155 бода Милена Николовска и Катерина Наумовска со освоени 155 бода - ОУ “Браќа Миладиновци” Царев-Двор







Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана