Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Промоција на книгата „Вдах“

Во просториите на Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ - Ресен, на ден 19 мај, се одржа книжевна средба и промоција на најновата поетска книга „Вдах“ на авторот Борче Панов од Радовиш.
Г-динот Панов е член на Претседателството на друштвото на писатели на Македонија и долгогодишен претседател на Меѓународната книжевна манифестација - „Караманови поетски средби“.
Гости на оваа книжевна средба беа: поет и кант-автор проф. Јовица Илиќ, Гоце Милошевски, Наташа Зузаровска и поетскиот клуб „Преспанска Елегија“.
Пред присутните беше претставено дел од неговото творештво, со читање на извадоци од неговите дела, во изведба на членките на „Преспанска Елегија“.











Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана