Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен

facebook

Извештај од одржаниот општински натпревар “Млади библиотекари”

На ден 03.10.2014 год. во просториите на Матичната библиотека при Општинската установа Дом на култура “Драги Тозија” во Ресен се одржа општински натпревар “Млади библиотекари”.

На натпреварот учествуваа ученици од основните училишта “Мите Богоевски” од Ресен, “Браќа Миладиновци” од с.Царев двор и “Славејко Арсов” од с.Подмочани.

Натпреварот го следеше жири комисија во состав:
  • - Динче Кочовска – професор во СОУ “Цар Самоил” – претседател на комисијата
  • - Марина Стојановска – професор во СОУ “Цар Самоил” – член
  • - Даниела Стерјовска – професор во СОУ “Цар Самоил” – член

Комисијата ги прегледа тестовите и ја констатира следната состојба:
  1. Прво место со освоени 120 бода Катерина Наумовска- ОУ “Браќа Миладиновци” – Царев-Двор,
  2. Второ место со освоени 115 бода Сара Цаловска - ОУ “Браќа Миладиновци” Царев-Двор,
  3. Трето место со освоени 110 бода Александра Тановска – ОУ “Мите Богоевски” Ресен и Моника Трајчевска - ОУ "Браќа Миладиновци".

Првопласираниот кандидат, Катерина Наумовска, со ментор Невенка Спирова, се стекна со право да учествува на Републичкиот натпревар “Млади библиотекари”, што ќе се одржи на 31 октомври 2014 год. во библиотеката “Гоце Делчев” во Велес.

Следете не на Фејсбук:

© 2014 Дом на Култура "Драги Тозија" - Ресен | Сите права задржани.

© Фото: П.Н. ; Изработено од: Преспана